Потребни состојки:
(за 4 особи)
400 г печена тиква
6 чешниња лук
10 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол
сок од половина лимон
бибер
масло од семки од тиква
семки од тиква
Начин на подготовка:
Печената тиква исечкајте ја на коцки, додадете го истолчениот лук, маслиновото масло, солта и сокот од половина лимон. Сите состојки ставете го во блендер и соединете го намазот. Количината на масло варира и зависи од квалитетот на тиквата. Ако е сува, ќе треба да додадете повеќе масло. На намазот ставете неколку капки масло од семки од тиква и сечканите семки од тиква.