Сопругата на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ (35), Андалузијката, Ракел Маури (33), често со своите следбеници на социјалните мрежи споделува детали од својот живот, а ја следат дури 668 илјади луѓе.
Таа објави фотографии од одморот со хрватскиот фудбалер на јахта со хаштаг „ханимун“. Ракел на фотографиите носи краток бел фустан со деколте, детали од тантела, часовник на зглобот и очила за сонце со златни детали. Иван носи бела кошула и светло сиви шорцеви. Парот позира и во костими за капење.
Парот се запознаа во 2011 година кога Ракитиќ дојде во Шпанија да игра за Севиља. Ракел работела во барот каде што се запознале, а тој ја барал 20 до 30 пати, што таа го одбила токму затоа што тој бил фудбалер. И покрај тоа, Ракитиќ успеал да ја убеди Ракел да излезат на состанок, а останатото е историја. Тие се венчаа во 2013 година и имаат две ќерки.