Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се искачи за 334 места на АТП-листата. И покрај слабиот старт на турнирот во Австрија, откако во првото коло загуби од Метју Делаведова, сепак Ивановски успеа да забележи драстичен скок и сега се наоѓа на 1070 позиција.
Претходно беше на 1404 позиција. За потсетување, на врвот на АТП-листата е Данил Медведев, а по него се Александер Зверев и Рафаел Надал во топ-3. Следат Алкараз, Циципас, Ѓоковиќ, Руд, Рубљев и Хуркач.