Британскиот актер Идрис Елба одби да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд, затоа што му пречеле муабетите околу расата. Елба во подкастот SmartLess рече дека добивал многу понуди и комплименти, но имало и такви кои целата идеја и разговор го свртеле околу расата.
„Стана бесмислено и почувствував огромен товар“, рече Идрис и објасни дека му пречело тоа што сите го гледаат како црн актер и дека таквите етикети му ја ограничувале кариерата и на него, но и на голем број неови колеги. Ако ја прифатеше улогата, Идрис ќе беше првиот црнец кој го играл тајниот агент.
„Како луѓе, ние сме опседнати со расата и оваа опсесија навистина може да ги попречи човечките аспирации и да го спречи нивниот раст. Расизмот дефинитивно треба да биде тема на дискусија, тоа е многу реално. Но, од моја перспектива, тоа е моќно колку што дозволуваме“, рече Идрис.