Изгубив два сина на врвот на славата и ја платив цената за моите гревови, раскажа Весна Змијанац

Изгубив два сина на врвот на славата и ја платив цената за моите гревови, раскажа Весна Змијанац

пред 3 години

Во својата автобиографија „Кога ќе замирисаат јоргованите“, Весна Змијанац отворено пишува за најголемите загуби во животот. Во времето на најголемата слава, е случуваат нејзините најголеми животни болки.

“Втората половина на 80-тите, времето на мојата најголема слава. Додека околу мене се случуваше нешто што никогаш порано не било забележано во народната музика, во мене и околу мене – жиците на животот, се извиткаа едни со други, и кога конечно требаше да созреам како жена и мајка, можеби и по моја вина и поради мојот начин на живот, тие жици на живот не преживеаја“, раскажува Весна Змијнац.

Понатаму таа вели :

„Ми беше судено да ги доживеам најголемите духовни маки за време на мојата најголема слава, да ја потиснам големата радост на големиот успех . Нашето прво дете, синот, Владо Јовановиќ и јас го изгубивме во 1986 година, кога бев во седмиот месец од бременоста. Абортусот се случи за време на паузата на концертот во Младеновац. Тоа е една од болките што сè уште ме болат, и секогаш кога ќе се сетам на тоа, а многу често се сеќавам, секогаш ми се стеснува грлото и секогаш обвинувачки се прашувам – дали и колку сум јас виновна, поради мојот начин на живот, пред сè, за она што се случи?

Во првите неколку недели после тоа, додека болката од загубата беше сè уште свежа, и јас сакав да исчезнам, да ме нема. Се обвинував себеси, но, животот продолжи. На работата ѝ се предадов со уште поголема ревност, со уште побрзо темпо – посакувајќи, претпоставувам, да најдам прибежиште во работата, во стрес и замор, за да ја заборавам таа  рана на душата.  За жал, истото – и уште потешко и полошо се повтори за многу краток временски период , кој ме дочека за помалку од една година подоцна„.

Второто дете исто така било син  кој го изгубила во седмиот месец од бременоста, под приближно исти околности, во 1987 година.

„Се прашував и тогаш, и сè уште понекогаш се прашувам – како заслужив да ми се случи ова што ми се случи? Причината ја барав во сите свои грешки и гревови, сите мои несакани злодела, сите мои бесови и особено изразени маани, сите оние грди мисли што ги имав за некого или нешто, сè што не е за пофалба да се направи,  ракажува една од најглемите музички ѕвезди во поранешна Југославија. Понатаму вели: Живеев прилично долг и бурен, палав живот, така што таму може да најдете многу работи на кои не сте баш горди. Но, мислам дека доволно платив “, раскажува таа. .

Годината 1989 година ја одбележаа два настана, кои без сомнение ги претставуваат најважните моменти во мојот професионален и личен живот, вели Змијанац. „На почетокот на годината објавив (со голема и несебична помош на мојот голем пријател Дино) плоча наречена „Кога јоргованите ќе замирисаат“, а на 12 октомври ја родив ќерката Николија.

Овој пат, поучена и казнета, според претходните искуства, решив да ја држам бременоста под постојан медицински надзор. Следствено, ги откажав сите свои обврски и сите гостувања, а подоцна, непосредно пред раѓањето на Николија, со мојот Владо го официјализиравме бракот.На 19 октомври 1989 година, во осум и триесет часот наутро, по рутински царски рез, се роди ќерка ми Николија, која доби име по ејзината баба, мајката на мојт тогашен спруг“, вели Весна Змијанац во својата Автобиографија.

Share
Scroll to Top