Излезе вториот трејлер на долгоочекуваниот еротски филм со Кидман, луѓето се шегуваат: „Вистински божиќен филм“

Излезе вториот трејлер на долгоочекуваниот еротски филм со Кидман, луѓето се шегуваат: „Вистински божиќен филм“

пред 3 дена

На почетокот на октомври, STUDIO A24 го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот еротски филм Babygirl со Никол Кидман и Харис Дикинсон во главните улоги.

Иако филмот пристигнува во кината на 25 декември, тој веќе предизвика многу полемики поради изјавата на актерката дека морале да прекинат со снимањето бидејќи и е преку глава од оргазми.

Сега е објавен вториот официјален трејлер кој предизвика различни реакции кај љубителите на филмот. Додека многумина едвај чекаат да го видат, некои го увидоа фактот дека филмот ќе биде прикажан на Божиќ.

„Вистински божиќен филм за гледање со семејството. Воопшто нема да биде чудно“, „Веќе можам да видам дека ова ќе биде филм што традиционално го гледаме секоја година за време на празничната сезона“, „Овој Божиќ јас го добивам она што го сакам – Харис Дикинсон во еротски филм“, се пошегуваа луѓето во коментарите на Јутјуб.

Многумина рекоа дека едвај чекаат да го видат филмот и дека вториот е подобар од првиот. „Песната, монтажата, тензијата што се чувствува во трејлерот… Едвај чекам“, „Никол ќе биде одлична во оваа улога“, беа коментарите.

Потсетуваме дека режисерката Халина Рејн инспирацијата за филмот ја најде во филмот „Основен инстинкт“ и во приказната за жена која не доживеала сексуално задоволство во 25 години брак. Никол беше привлечена од улогата бидејќи претставуваше нов предизвик во нејзината кариера, рече таа.

Неодамна, во интервју за „The Sun“, таа призна дека сцените со Харис Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела дека повеќе не сака да снима такви сцени. Таа го опиша чувството на исцрпеност што го доживеала за време на снимањето.

„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Ќе помислев: „Не ме допирај“. Во некои моменти за време на снимањето помислив дека не сакам повеќе да доживувам оргазам „Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не знам дали сакам некој повторно да ме допре во мојот живот. Доста ми е“, раскажува Кидман.

За нејзината изведба во овој филм, таа ја доби наградата за најдобра актерка на филмскиот фестивал во Венеција.

Share
Scroll to Top