Колекционери на минијатури ќе одржат изложба во Куманово на 20 -ти мај во Домот за култура „Трајко Прокопиев“. На настанот посетителите ќе имаат можност да го видат најголемиот избор на die-cast минијатури или метални автомобили во Македонија.
„Ние сме екипа од страсни колекционери на минијатури и со овој настан ние ќе се вратиме назад низ времето со стил на „враќае во иднината“. Овој настан е отворен за сите генерации, така што ве очекуваме со вашите пријатели или семејството, и сите заедно добро да се забавуваме во изложбата на нашите богати колекции. Додека сте на настанот, не заборавајте да се фотографирате со нашите модели и да ја споделите вашата фотографија на социјалните мрежи со хаштагот #DieCastClubKumanovo“, изјавија организаторите Die-Cast Club Куманово.
Влезот за сите посетители е бесплатен. Настанот е со почеток во 15 часот кој ќе трае до 21 часот во Дом на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.