Израел не дозволува олимпискиот шампион да се ожени со неговата девојка од Белорусија

Израел не дозволува олимпискиот шампион да се ожени со неговата девојка од Белорусија

пред 3 години

Ангела Долгопајт, мајката на израелскиот олимписки шампион Артем Долгопјат тврди дека државата Израел не му дозволува на нејзиниот син да се ожени за својата девојка од Белорусија, само затоа што таа не била Еврејка.

Ангела за израелските медиуми признала дека таа не е Еврејка, иако таткото на гимнастичарот е Евреин. Израел е земја во која се дозволува да се стапи во брак само во сопствената религија.

„Артем живее со својата девојка од Белорусија веќе три години, но државата не им дава да стапат во брак“, изјавила Ангела за „Ерусалим пост“.

Таа изјавила дека Артем со неговата девојка, како и голем број Израелци најверојатно ќе се договорат за цивилен брак надвор од државата.

Гилад Карив, рабинот кој е дел од израелскиот парламент Кнесет, им ветил дека ќе се обиде да ги смени законите.

„Важно е да се спомене дека правото за брак во сопствената земја не треба да биде поврзано со олимписко злато или со друго остварување. Се работи за основно човеково право. Накратко, шампионот Артем ќе носи медали и ние ќе работиме напорно за правото за избор“, изјави Карив.

Долгопјат инаку е роден во Днипро и пред да се пресели во Израел стана двократен национален шампион на Украина. Сега во Токио тој на Израел им го донесе вториот златен медал.

Share
Scroll to Top