Илон Маск се прогласи за император на Марс, милијардерот планира да испрати 1000 вселенски бродови и да изгради град

Илон Маск се прогласи за император на Марс, милијардерот планира да испрати 1000 вселенски бродови и да изгради град

пред 4 години

Основачот на компанијата „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе на светот, милијардерот Илон Маск, се прогласи за император на Марс, пренесуваат светските медиуми. За него пишуваат дека секоја недела излегува со некакво ново изненадување.

Откако во описот на својата биографија на „Твитер“, напиша дека е технокрал на компанијата „Тесла“, сега се прогласи за император на Црвената планета.

Засега не е јасно за што точно се работи, освен дека ваквата нова титула, му се вклопува во неговиот имиџ. Тој не е само иноватор, туку и човек кој едноставно сака да биде во фоксуот на вниманието на социјалните мрежи, коментираат неговите фанови.

„Оваа ставка на „Твитер“ можеби е и омаж од филмот „Лудиот Макс: Пат на бесот“, во кој Шарлиз Терон ја толкува императорката „Фуриоз“, пренесува Futurism.com. Во секој случај, тежнеењето на Маск да го освои Марс, не е тајна.

Во последните неколку години, шефот на компанијата „Спејс икс“, се фокусирал да ја освои оваа планета и е убеден дека на Марс еден ден ќе има живот.

Тој во повеќе наврати предложувал тераформирање на Марс, односно спроведување на голма серија на термонуклеарни експлозии во одредени делови на планетата. Тоа ќе доведе до испарување на смрзнатиот јаглен-диоксид од кој ќе настанат ледени капи на нејзините половите.

Испарениот гас ќе создаде густа атмосфера на планетата и ќе се предизвика ефект на стаклена градина, што ќе доведе до зголемување на температурата. Маск смета дека е можно, со 10.000 ракети на Марс да се промени климата.

Маск објавил дека ќе му бидат потребни 20 години и 1000 вселенски бродови, за да направи еден град на Марс, нешто што е негова долгорочна визија. Одговарајќи им на обожавателите на „Твитер“, тој навел дека неговата компанија „Спејс екс“, според неговите проценки, мора да изгради 1000 вселенски бродови, кои ќе пренесуваат терет, инфраструктура и екипаж на Марс.

Тој пресметал дека летот на Марс е можен само еднаш во две години, со оглед на планетарното порамнување. Маск сега контролира четвртина од сите активни сателити кои се наоѓаат во Земјината орбита.

Во последните две години, компанијата „Спејс икс“, лансирала десетина сателити, а ракетата „фалкон 9“, неодамна испратила уште дополнителни 60 сателити „Старлинк“, од Националниот Вселенски центар Кенеди на Флорида, па бројката на испратени сателити надмина 1000.

Планот е да создаде соѕвездие од 40.000 сателити, кои ќе обезбедат на луѓето брз интернет во сите краишта на светот. Сепак, како што пренесува Futurism, уште претходно Маск се прогласи за владетел на Марс. Неговата ракета допрва треба да стигне успешно до таа планета, ако претходно не експлодира, нешто што често се случува во оваа работа.

За потсетување, неговата компанија Boring, конечно ги претстави долго најавуваните подземни тунели во Лас Вегас, во кој автомобилите ќе можат да возат со 250 километри на час. Засега, како што пишуваат медиумите, јавноста не е премногу воодушевена од овој негов проект.

Засега во овој тунел може да се вози само со 60 километри на час.

Share
Scroll to Top