Оскаровецот Том Хенкс кој во кариерата од четири децении има глумено во повеќе од сто филмови, во интервју за People рече дека само четири од нив ги смета за добри. Сепак тој не сакаше да открие кои од филмовите во кои глумел ги смета за најдобри.
„Иако сите се прават дека знаат, вистината е дека никој не знае како се прави добар филм. Имам снимено многу, но само четири ги сметам за добри. Сè уште се воодушевувам како филмовите настануваат. Од идеи, па сè до слики на екарнот, целиот процес е вистинско чудо“, рече Хенкс.
Има глумено во некои од најпознатите филмови во светската кинематографија, како „Форест Гамп“ и „Филаделфија“, филмови кои му донесоа Оскар за најдобар глумец. Беше номиниран и за филмовите „Спасувањето на војникот Рајан“, „Бродолом на животот“ и „Биг“.
„Снимањето филмови е тешка работа и се работи за долг временски период кој се состои од многу моменти на радост, напспроти еднаквиот број на чувства на омраза кон себе. Тоа е најгоелемата работа на светот и највозбудливата за која знам“, рече Хенкс.
Оскаровецот го најави и новиот роман The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece, кој ќе излезе на 9 мај наредната година. Книгата е измислена приказна за создавање на филм за суперхерои вреден повеќе од милион долари и стрип од кој бил инспириран.