„Имаше право да им вика“ - Џорџ Клуни во одбрана на Том Круз

„Имаше право да им вика“ – Џорџ Клуни во одбрана на Том Круз

пред 4 години

Актерот Џорџ Клуни застана во одбрана на неговиот колега Том Круз, затоа што им се дерел на членовите на филмската екипа на филмот „Невозможна емисија“.

За потсетување, Круз им викал на некои членовите затоа што тие не ги почитувале мерките против коронавирусот, а на снимката која се појави во јавноста, се слуша како им се заканува и со откази.

Во интервју за водителот Хауард Стерн, Клуни вели дека Том реагирал соодветно.

„Том не претера. Го разбирам зошто реагираше така“, изјавил Клуни кој обајснил дека екипата направила грешка и дека Том имал право да биде бесен.

На прашањето како би постапил тој кога би се нашол во иста таква ситуација, Клуни објаснил дека веројатно би постапил поинаку.

„Луѓето мора да го разберат тоа и мора да бидат одговорни“, изјавил Клуни.

(Видео) „Направете го тоа пак и ќе летате надвор“: Се појави видео во кое Том Круз се заканува со откази

Share
Scroll to Top