Иранскиот режисер Рустаи затворен зашто без дозвола прикажал свој филм во Кан

Иранскиот режисер Рустаи затворен зашто без дозвола прикажал свој филм во Кан

пред 1 година






Иранскиот режисер Саид Рустаи е затворен зашто без дозвола го прикажал филмот „Браќата на Лејла“ на Канскиот фестивал минатата година. Осуден е на шест месеци затвор. Организаторите на Кан ја осудија казната како сериозно нарушување на слободата на говорот, а поддршка доби и од Мартин Скорсезе.

Скорзесе сподели и петиција со која се бара правда за Рустаи и за продуцентот Џавад Норузбеги кој како и Рустаи е осуден за придонес кон пропагандата на опозицијата против исламскиот систем. Филмот зборува за економските проблеми на семејство од Техеран и беше забранет во Иран.

Забраната стигна откако без дозвола бил прикажан на неколку меѓународни филмски фестивали.

Весникот „Етемад“ објави дека 34-годишниот Рустаи и Норузбеги ќе поминат само десетина дена во затвор, а остатокот ќе биде претворен во условна казна во следните пет години. Рустаи исто така доби петгодишна забрана за снимање филмови.






Share
Scroll to Top