Исаура остана заглавена среде пат со автобус

Исаура остана заглавена среде пат со автобус

пред 3 години

Актерката Емра Куртишова вчеравечер имаше мала незгода, откако автобусот со кој патувала со уште неколку актери останал без едната гума. Емра на инста-стори објави слика дека со колегите чека да дојде помошта и се пошегува дека се заглавени среде пустелија. „Летна гумата на кров“, напиша таа.

За потсетување, Емра, која веќе неколку години е член на Театарот за деца и младинци, стана една од милениците на публиката со улогата на Исаура во хит-серијата „Преспав“. Наскоро ќе почне снимањето на шестата сезона, а продуцентите велат дека новата сезона ќе биде многу посмешна и подобра од претходните.

Share
Scroll to Top