Откако минатата недела се појави веста дека една 37-годишната Госијаме Ситоле од Африка родила десет бебиња, нејзиното семејство соопшти дека не ги виделе децата и дека воопшто нема докази дека бебињата постојат.
Семејството на Тебог Цотеци, таткото на бебињата, рече дека тој исто така потврдил дека не ги видел децата и дека за веста знаел само преку неговата девојка, која му се јавила за да го извести за наводното раѓање на седум момчиња и три девојчиња. Таа оттогаш исчезнала.
Наводно, Цотеси неколку пати се обидел да ја посети Ситоле и бебињата во болницата, но таа не му открила каде се наоѓа и не го информирала за состојбата на бебињата. Затоа сега многумна веќе не веруваат дека таа воопшто родила десет бебиња за кои се веруваше дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди.
„Семејството заклучи дека нема десет деца родени во врската помеѓу Тебог Цотеци и Госијаме Ситола, сè додека не се докаже спротивното“, се заклучува во соопштението, пренесуваат африканските медиуми.
Жена од Јужна Африка роди десетка и го урна светскиот рекорд