Како да проверите дали некој ви го знае пасвордот

Како да проверите дали некој ви го знае пасвордот

пред 2 години

Нашите пасворди не се секогаш 100% безбедни и секогаш постои ризик некој да го дознае низ директен напад на профилот или онлајн услугата кои ги чуваат корисничките податоци.

dobivaj vesti na viber

Затоа се препорачува да се користи менаџерот за лозинки на сајтот Have I Been Pwned 2FA. Имајќи предвид дека безбедносните прекршувања се случуваат одвреме-навреме од злонамерните субјекти кои продаваат компромитирани информации за најавување на Dark Web, не штети да проверите дали некоја од вашите лозинки е украдена.

Have I Been Pwned е веродостоен сајт кој во 2013 година го лансираше директорот на „Мајкрософт“ Трој Хант. Популарен е во светот на кибербезбедноста поради откривањето на упадите и кражбата на податоци. Ова е најпопуларен начин да дознаете дали вашата лозинка е безбедна.

Користењето на услугите е едноставно и бесплатно. Посетете го сајтот и внесете ја адресата на е-пошта или бројот на телефон. Во рок од неколку секунди ќе ги дознаете сите детали за сите повреди на приватноста каде вашите податоци биле компромитирани.

Сајтот има и други алатки за проверка на безбедноста. На пример Pwned Passwords им овозможува на корисниците да внесат само лозинка и да проверат колку пати се нашла меѓу украдените податоци.

Share
Scroll to Top