Како настанал првиот чипс - Reporter.mk

Како настанал првиот чипс – Reporter.mk

пред 4 години

Џорџ Крам бил човекот кој го измислил првиот чипс во светот. Тој работел како главен готвач во ресторан во Саратога Спрингс, во Њујорк.

Во 1853 година тој добил нарачака од еден од гостите да му донесе помфрит. Гостинот не бил задоволен од понуденото, затоа што компирот му бил премногу густо исечен, па побарал друг.

Крам исекол уште потенки парчиња, ги испекол и повторно ја испратил нарачката. Но, гостинот сè уште не бил задоволен. Крам повторно ги исекол компирите уште потенко и речиси било невозможно да се јадат со вилушка. Дури тогаш гостинот бил воодушевен и задоволен.

Така се родила една од најпопуларните закуски во светот. Наскоро, чипсовите се нашле на речиси секое мени во рестораните, а Крам на крајот отворил и свој ресторан.

За сето ова време, компирот се чистел и сечел рачно. Со откривањето на механичката лушпалка за компир во 1920-тите, станало многу полсено да се исече компирот и да се направи чипс,

 

Share
Scroll to Top