Како најлесно да ослабете без диети и вежбање

Како најлесно да ослабете без диети и вежбање

пред 3 години

Доколку сте забележале дека стомакот ви е отечен и чувствувате подуеност, доволно е само да направите неколку брзи и лесни корекции во секојдневието и стомакот ќе ви попушти.

Овие пет работи создаваат надуеност во пределот на стомакот и без да консумирате дополнителни суплементи или лекови.

1. Намалете го внесот на сол

Внесувањето на прекумерна количина на сол во организмот предизвикува акумулација и задржување на водата во организмот. Доколку сакате да го намалите обемот на половината, но и на другите делови од телото, намалете ја количината на сол во храната и наскоро ќе го исфрлите вишокот течност од телото, а ќе почувствувате и олеснување.

2. Отфрлете ги пивото и газираните сокови

Ако сакате брзо малку да го израмните стомакот, воздржете се од пиење ладно пиво, но и газирани сокови – меурчињата поттикнуваат надуеност, но не само тие – туку и самиот алкохол. Тој го поттикнува размножувањето на лошите бактерии во цревата, а тоа ќе резултира со создавање на надуен стомак.

3. Не јадете со отворена уста

Џвакањето храна со отворена уста поттикнува голтање воздух, кое предизвикува надуеност. Затоа, додека јадете, воздржете се од зборување, а устата отварајте ја откако ќе го голтнете залакот.

4. Јадете ананас

Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, ананасот е богат со ензим кој ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.

5. Исправете се

Тоа е одличен, брз трик како да го направите вашиот стомак да изгледа порамен. Обидете се исправеното држење да ви стане секојдневна навика. На почетокот свесно исправувајте се додека одите, стоите или седите, па со текот на времето тоа ќе ви стане навика и автоматски ќе бидете исправени.

 

Share
Scroll to Top