Како од рацете да ја исчистите бојата од велигденските јајца

Како од рацете да ја исчистите бојата од велигденските јајца

пред 2 години

Бојата за јајца се чисти едноставно. Постојат неколку начини да го направите тоа.

За да ги исчистите рацете од бојата за јајца, треба да ги измиете со оцет. Ставете малку оцет на дланките и тријте со четка или со сунѓер. Можете да ставите оцет и на крпа, па да ги истриете бојадисаните места.

Друг начин е, наместо оцет, да користите лимон. Пресечете еден лимон на половина, исцедете го, па на внатрешната страна од кората ставете малку сол и истријте ги обоените места.

Ќе се ослободите од бојата и ако ги измиете рацете со сода бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода и ставете сода бикарбона на обоените места. Тријте со четка додека не излезе целата боја.

За кој и да било начин да се одлучите, откако ќе ги измиете рацете, намачкајте ги со крем зашто и оцетот, и лимонот и содата ја иритираат кожата.

Share
Scroll to Top