Како правилно да честитате Велигден

Како правилно да честитате Велигден

пред 3 години

Како правилно да го честитате големиот празник Велигден. Не дозволувајте да се посрамотите и обрнете внимание на правилниот начин на изговарање на велигденските честитки.

Како и секоја година и оваа се појавува дилема околу тоа како правилно се честита Велигден. По повод овој празник сите православни христијани едни на други си го упатуваат познатиот традиционален поздрав и очекуваат да им се возврати на сличен начин.

Но, многумина тој поздрав не го изговараат правилно. Еве каде е грешката и како гласи правилниот и единствен точен велигденски поздрав, а кои верзии никако не треба да ги користите затоа што се неточни.

Христос воскресна, Христос васкресе, Христос воскрес, Ристос воскресе се некои од честитките кои ги слушаме и кои се толку слични, а во суштина сосема различни изговори на велигденското поздравување и честитање.

Најправилно е да се каже Христос воскресна, а покрај тоа дозволен е и архаичниот црквен облик Христос воскресе. Никогаш не велете ВаскрЕсЕ или васкрсЕ или воскрЕсЕ.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top