Канти за ѓубре со потпис на Ким Кардашијан, реалити ѕвездата има нов бизнис

Канти за ѓубре со потпис на Ким Кардашијан, реалити ѕвездата има нов бизнис

пред 2 години

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан има нов бизнинс се занимава со уредување на домови.

dobivaj vesti na viber

Откако таа објави линија на облека, шминка, производи за нега на кожа и игри за мобилни телефони, таа извади додатоци за во бања како дел од нејзиниот бренд Skkn by Kim.

Главниот материјал од кој се изработени додатоците е бетон. Линијата содржи пет парчиња, кои ќе бидат достапни на 16 октомври.

Помеѓу додатоците со потпис на Кардашијан е и корпа за отпадоци која чини 129 долари, послужавник 67 долари, кутии за складирање.

Целиот бетонски асортиман чини повеќе од 352 долари.

„Кога го започнав со процесот на дизајнирање на пакувањата за @skkn, тој започна со природни камења и дизајнерски елементи кои се наоѓаат во мојот дом. Отсекогаш ја замислував колекцијата за нега на кожа како онаа која може да биде доволно убава и едноставна за да биде изложена на кое било место, што ме инспирираше да дизајнирам додатоци за да ја надополнам линијата и да го издигнам секој дом со истата модерна, минималистичка елеганција. Многу сум возбуден што конечно ќе ви ја донесам оваа колекција од пет дела“, напиша Ким.

Share
Scroll to Top