Јелена Карлеуша и Александра Пријовиќ беа во одлични односи сѐ додека таа не објави фотографија со Цеца Ражнатовиќ од Копаоник. Ова ја погоди Карлеуша па одлучи да ѝ се обрати јавно:
„Драга Александра, ти си ми исклучително драга и слатка. И затоа сега ќе ти го напишам ова јавно: никогаш не сликај се со оваа жена која е осудена злосторничка и сопруга на воен злосторник. Не ти треба овој полусвет и шлајм. Продолжи да блескаш“, ѝ рече Карлеуша
Александра брзо одлучи да ја избрише спорната фотографија сосе коментарите, а потоа повторно ја објави фотографијата со коментар дека сака да гледа само позитивна енергија на својот профил.
И на ова не ѝ остана должна Карлеуша.
„Ја почитуваш селанката Прија (поради Брена), ѝ пишуваш добар совет, а таа го брише и повторно објавува слика со Наногицата (прекар што Карлеуша го користи за Цеца, оти пејачката за време на домашниот притвор носеше алка за ограничено движење на ногата). Што ти е рурално педигре”, напишала тогаш Карлеуша на својот твитер-профил.
По ова Карлеуша и Прија првпат се сретнаа на аеродром, каде што летаа со истиот авион, а голем број медиумски тимови ги чекаа на аеродромот.
„Ќе се поздравам, бидејќи секогаш им се јавувам на сите. Немам проблем со никого, не сум човек што се расправа”, одговори Александра на прашањето што би направила кога би се сретнала со Карлеуша, која, пак, на ова рече: „Дојдовте заради нас? Шокирана сум. Што да ви кажам, мило ми е што Александра користи услуги за воздушен транспорт како мене. Да знаев дека ќе дојдете, ќе се нашминкав”.
Карлеуша е единствената пејачка со која Александра имала конфликт, а неколку години подоцна таа изјави дека тие две никогаш не се скарале.