Театарската претстава „Кафез кај кокони“ освои со три награди на „Денови на комедија“ – Куманово. Претставата „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски доби три награди: за најдобар актер – Александар Степанулески, за најдобра споредна улога – Бранко Атанасов и за најдобра костимографија – Раде Василев и Елена Вангеловска.
На свеченото доделување актерите и добитниците на наградите од ансамблот на Драмски искажаа благодарност до жирито и посетителите на Фестивалот и упатија покана до публиката да ја гледа претставата веќе на 28 октомври и во останатите термини на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.