„Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на „Фантаспорто“ во Португалија

„Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на „Фантаспорто“ во Португалија

пред 2 години





Последното филмско оставрување на Милчо Манчевски „Кајмак“ освои Специјалната награда на жирито на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија. „Кајмак“ беше во селекцијата Недела на режисерите на 43. издание на фестивалот, и како еден од наградените филмови имаше специјална дополнителна проекција на затварањето на „Фантаспорто“.

Победник на фестивало е белгискиот филм „Мегаломан“ на Карим Оелхај.

Филмот „Кајмак“ осенет е со четири ѕвезди од португалскиот културен магазин и пишува: „Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски“.

Oва е најнова награда за Манчевски кој има освоено над 60 меѓународни награди и признанија во досегашната кариера.





Share
Scroll to Top