Квентин Тарантино доби награда за животно дело на фестивалот во Рим

пред 3 години

Американскиот режисер Квентин Тарантино ја доби наградата за животно дело на Филмскиот фестивал во Рим. Наградата му ја додели италијанскиот режисер на хорор филмови, Дарио Арџенто, познат по неговите филмови „Суспирија“ и „Длабоко црвено“.

„Тоа што сум и по 30 години тука во Рим и ја добивам оваа награда за животно дело, е нешто посебно“, рече Тарантино.

Тој на свеченоста присуствуваше заедно со неговата сопруга. Во својата 30-годишна кариера, има напишано и режирано девет хитови меѓу кои „Џеки Браун“, „Уличи кучиња“ и „Си беше еднаш во Холивуд“. Тој направи револуција во начинот на снимање филмови.

Беше награден и со два Оскари за најдобро оригинално сценарио за „Евтини приказни“ во 1995 година и „Џанго без окови“ во 2013 година.

Официјалната селекција на фестивалот вклучува 23 филма од различни жанрови и различни облици на изразување. Учествуваат 23 земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Доминиканската Република и Косово. Фестивалот ќе ја затвори својата програма со филмот „Вечна“ на оскаровката Клои Жао.

Share
Scroll to Top