Квентин Тарантино пред да се пензионира ќе го снима последниот филм во неговата кариера

Квентин Тарантино пред да се пензионира ќе го снима последниот филм во неговата кариера

пред 2 години

Квентин Тарантино го подготвува својот последен филм. Филмот ќе биде насловен е „Филмски критичар“  кој ќе биде десетти филм на Тарантино. Филмот би требало Тарантино да почне да го снима наесен.

Извори блиски до Тарантино информираат дека приказната е сместена во 1970-ите во Лос Анџелес и ќе се фокусира на женски лик. Постои можност дека филмот ќе биде за Полин Каел, една од највлијателните филмски критичарки на сите времиња, која почина во 2001.

„Беше една во Холивуд“ последниот филм на Тарантино освои два оскари во 2020 година и имаше зарботка од 877 милиони долари.

Тарантино долго време кажува дека сака да сними само десет филмови и да се пензионира пред 60. година.

„Сакам да запрам во одреден момент. Режисерите не стануваат подобри како што стареат. Вообичаено, најлошите филмови во нивната кариера се оние последните четири“, кажа Тарантино во интервјуто за „Плејбој“ од 2012.

Share
Scroll to Top