Кевин Костнер додека води судска битка за алиментацијата ја обвини бившата дека е во врска со негов пријател

Кевин Костнер додека води судска битка за алиментацијата ја обвини бившата дека е во врска со негов пријател

пред 1 година






Бившата сопруга на холивудскиот глумец Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер е во врска со негов пријател, пренесоа американските медиуми. Актерот кој беше во брак 19 години со Кристин во моментов води бракоразводна постапка во која се бори околу плаќањето алиментација за нивните три деца.

Тој ја обвини Кристин дека сега излегува со Џош Конор, негов пријател. Двајцата биле видени на Хаваи уште во јуни. Кристин ги негираше ваквите обвинувања и рече дека додека била на Хаваи делела соба само со нејзина пријателка, а Џош не бил со нив.

Кевин на суд спомена и за парите кои Кристин ги добила од Конор, околу 20.000 долари, а таа објасни дека половината од нив ѝ ги дала на мајка си, а другата му ја вратила на Џош.

За потсетување, судот пресуди во корист на Кевин Костнер и нареди на Кристин да се исели од луксузната семејна вила во Санта Барбара до 31 јули. Одлуката ја донесе врз основа на предбрачниот договор. Кристин поднесе барање за развод на 1 мај и имаше рок од 30 дена да се исели од вилата.

 






Share
Scroll to Top