Кејт Мидлтон го барала Хари за да му помогне да ги поправи нарушените односите со кралското семејство

Кејт Мидлтон го барала Хари за да му помогне да ги поправи нарушените односите со кралското семејство

пред 1 година

Кејт Мидлтон (41) доцна во ноќта му се јавила на принцот Хари (38), пишува британскиот весник Closer Weekly. Принцезата сакала да му помогне да го поправи неговиот нарушен однос со кралското семејство.

„Беше во контакт со Хари за да му каже да ја држи главата високо и да не се грижи премногу за неуспесите“, откри извор близок до кралското семејство и додаде дека и покрај семејните несогласувања, двајцата останале во добри односи.

„На Кејт ѝ е жал за Хари. Тешко ѝ да гледа низ што минува, особено што неговото судење се одвива во близина на нивниот дом“, рече изворот.

За потсетување Хари во јуни пристигна во Лондон за да сведочи против британскиот „Дејли Мирор“, кој го обвини затоа што неговите новинари наводно му го хакирале телефонот пред неколку години.

Со Меган имаа многу разочарувања во последните месеци, меѓу кои и прекинот на соработката со Spotify откако потпишаа договор во 2020 година вреден 20 милиони долари.

Односот со кралското семејство е нарушен веќе со години, особено откако во јануари ги објави мемоарите Spare, во кои го нарече принцот Вилијам, свој главен непријател. Минатата година, двајцата објавија документарна серија на „Нетфликс“ во која открија зошто се повлекоа од кралското семејство.

Иако Кејт сака да му помогне на Хари, тоа не значи дека и Вилијам е подготвен да се смири со него.

„Очигледно дека ситуацијата е чувствителна и деликатна како и меѓу многу други високи членови на кралското семејство, а особено Вилијам, кој јасно стави до знаење дека сè уште не е подготвен да се смири со Хари“, додаде изворот.

„Кејт сака да ја одржува комуникацијата и да го отвори патот за мир со целото семејство, вклучувајќи го и Вилијам“, продолжи тој и објасни дека Кејт сака Хари да знае дека има луѓе кои се грижат за него.

За потсетување, на Хари неодамна му беше одземена титулата „Неговото кралско височество“ од официјалната веб страница на кралското семејство.

Share
Scroll to Top