Кејт Мидлтон ѝ оддаде почест на принцезата Дајана, ја носеше нејзината бисерна нараквица на средбата со сопругата на Зеленски

Кејт Мидлтон ѝ оддаде почест на принцезата Дајана, ја носеше нејзината бисерна нараквица на средбата со сопругата на Зеленски

пред 2 години

Новата принцеза од Велс, Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се состана со сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена. За оваа пригода таа ја носеше бисерната нараквица од принцезата Дајана и на тој начин ѝ оддаде почест, пренесоа британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Средбата се случи во пресрет на погребот на кралицата Елизабета Втора. Кејт носеше едноставен црн фустан, во комбинација со бисерната нараквица. Лејди Ди нараквицата ја носеше додека се шеташе со сопругот Чарлс во Хонг Конг.

По смртта на Дајана нараквицата ја доби принцот Вилијам, кој подоцна ѝ ја подари на сопругата. Мидлтон беше видена со неа неколку пати во изминатиот период. Последен пат за време на ручек со генералните гувернери на земјите на Комонвелтата во Бакингемската палата.

За потсетуваање, државниот погреб на кралицата Елизабета е еден од најголемите логистички предизвици во британската историја. Ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 200-те гости ќе дојдат, јапонскиот цар Нарухито и претседателите на Франција и САД, Макрон и Бајден.

Олена Зеленски ќе го претстави сопругот, кој не е во можност да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата.

Share
Scroll to Top