Кејти Холмс „изгледаше како срна пред фарови“ во бракот со Том Круз, тврди Џени Мекарти

Кејти Холмс „изгледаше како срна пред фарови“ во бракот со Том Круз, тврди Џени Мекарти

пред 5 часа

Џени Мекарти изнесе свои сеќавања на дружењата со Том Круз и Кејти Холмс, тврдејќи дека забележала промена кај актерката во текот на нивниот брак.

Во новата епизода од својот подкаст „The Jenny McCarthy Wahlberg Show“, Мекарти раскажа дека со поранешната двојка се дружела додека била во врска со Џим Кери. Според неа, Холмс понекогаш изгледала толку збунето и вознемирено што ја повлекувала настрана за да ја праша дали е добро.

„Изгледаше како срна пред фарови. Во времето на венчавката сè уште ми изгледаше како Кејти, но подоцна во бракот како нешто да се промени кај неа“, рече Мекарти. Тоа е нејзин личен впечаток, пренесува „Пејџ сикс“.

Мекарти се осврна и на свадбата на Круз и Холмс во Италија во 2006 година, на која присуствувала со Кери. Особено ѝ останала во сеќавање разликата меѓу говорите на нивните кумови.

Пријателката на Холмс зборувала за нивните средношколски денови и заедничките дружби. Наспроти тоа, Дејвид Мискевиџ, лидерот на Скиентолошката црква и кум на Круз, според Мекарти, одржал приближно получасовен говор за тоа дека младенците ќе станат најважната двојка во светот. Таа тврди дека дел од семејството на Холмс изгледал збунето, додека актерката се обидувала да се насмевнува.

Се присети и на вечерата пред свадбата, кога ја прашала Холмс дали може да ја подржи нивната ќерка Сури. Според нејзиното раскажување, разговорите запреле, а присутните почнале да ја гледаат. Кога го вратила бебето кај мајката, дружењето продолжило вообичаено. Мекарти ја опиша ситуацијата како непријатна и вознемирувачка.

Круз и Холмс беа во брак од 2006 до 2012 година. „Пејџ сикс“ наведува дека побарал коментар од нивните претставници, но до објавувањето на текстот не добил одговор.

Share
Scroll to Top