Кларинетистот Исмаил Лумановски доби американско државјанство

Кларинетистот Исмаил Лумановски доби американско државјанство

пред 2 години

Кларинетистот Исмаил Лумановски доби американско државјанство. По долги години студентски визи, тој доби Зелена карта.

dobivaj vesti na viber

Лумановски живее и работи во Њујорк, заедно со неговата сопруга Ѓулчин и нивните две деца, синот Едис Јон и ќерката Арија.

„Благодарен сум за секоја единствена можност што ми ја дадоа САД. Дојдов овде кога имав само 17 години, без да знам англиски јазик. Патот беше стрмен, но секогаш имаше поддршка што ме одржуваше и ме натера да се развивам не само како уметник туку и како човечко суштество. Немав роднини кога дојдов овде, но го направив најголемото и најомилено семејство со сите пријатели што ги запознав низ годините. Што е најважно, ја запознав мојата сопруга и имам две прекрасни деца родени во САД“, напиша Лумановски.

Исмаил е роден во Битола пред 38 години. Факултетот го завршил во Њујорк, каде што живее и денес. И неговиот татко Ремзи е музичар, интерпретатор на народни песни. Иако има меѓународна кариера, кај нас е познат по соработките со многу музичари.

Share
Scroll to Top