Клинт Иствуд не размислува за пензија, во новиот филм пак ќе јава на коњ

Клинт Иствуд не размислува за пензија, во новиот филм пак ќе јава на коњ

пред 3 години

Холивудскиот глумец Клинт Иствуд и на 91 година не размислува на пензија. Тој го сними неговиот нов филм кој ќе биде објавен во петок, Cry Macho. Иствуд е и режисер и го глуми главниот лик, Мајк Мило, поранешниот шампион на родео.

„Овој филм требаше да биде снимен пред 40 години. Но, јас бев премногу млад за улогата, кога можевме да го ангажираме Роберт Мичум а јас да го режирам“, раскажа Иствуд што му рекол пред четири децении на тогашниот продуцент.

Новиот филм беше снимен на големо воодушевување на неговиот долгогодишен соработник и продуцент, Тим Мур.

„Сите сакаат да го видат Клинт како каубоец во седло. Нема јавано коњ уште од времето кога го снимаше Unforgiven. Првиот ден кога го снимавме на коњ, екипата беше воодушевена. Тоа беше посебен момент“, рече Мур.

Иствуд е повеќекратен оскаровец и глобалната слава ја стекна како глумец во вестерните филмови. Тој ги сними „За шака долари“ и „Добриот, лошиот и грдиот“. Иако во 2008 година по „Гран Торино“, објави дека се повлекува од глумата, ова му е трет пат повторно да снима.

Cry Macho во петокот ќе почне да се прикажува во кината и на HBO Max. Мајк Мило (Иствуд) треба да патува во Мексико и да го пронајде и врати Рафа, синот на неговиот поранешен шеф и да го научи да јава попат. Двајцата ќе се зближат на опасното патување назад кон Тексас.

Share
Scroll to Top