Колку е постара, толку е поубава: Ретко кој може да ја надмине Марија Шарапова

Колку е постара, толку е поубава: Ретко кој може да ја надмине Марија Шарапова

пред 2 недели

Иако овогодинешната Мет Гала одамна заврши, луѓето на социјалните мрежи не престануваат да ги коментираат облеките на познатите ѕвезди – главно дами.

Овогодинешната Мет Гала, најважниот настан во светот на модата остави одличен впечаток кај пошироката јавност. Темата „Заспаните убавици: повторното будење на модата“ ја разбуди имагинацијата на многу дизајнери, како и нивните музи, а пред само неколку дена можевме да видиме модна ревија на различни уметнички дела во музејот Метрополитен во Њујорк.

На ред дојде поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, која за оваа прилика го облече делото на американскиот дизајнер Прабал Гурунга. Тоалетата се карактеризира со впечатлива жолта боја и цветна наметка.

Целото издание го комплетираше со цветна панделка на главата која ја истакна нејзината кафена боја на коса и бисерни обетки.

Share
Scroll to Top