На 6 мај во Скопје, во киното „Синеплекс“ ќе биде премерата на филмот „Нешто слатко“ , комедија за која играат Сашко Коцев и Јелена Јованова. До сега филмот имаше премиери во Љубљана и Загреб, и доби одлични критики.
Македонските актери играат главни улоги во словенечката комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот Тин Водопивец.
Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска.