Комуналец Прилеп: Продолжува интензивното косење и уредување на коритото на Оревоечка Река

Комуналец Прилеп: Продолжува интензивното косење и уредување на коритото на Оревоечка Река

пред 2 часа

Од Одделението „Паркови и зеленило“ при ЈКП „Комуналец“ Прилеп две екипи интензивно работат на косење на проблематични делови од Оревоечка река.

Активностите се одвиваат на потегот од мостот „Димо Наредникот“ кон мостот на улица „Трајко Николоски“, на површина од околу 22.500 квадратни метри, како и од мостот „Табаана“ до Градскиот базен, каде се опфаќаат дополнителни 12.540 квадратни метри.

Од претпријатието информираат дека, согласно Програмата за работа и расположливите капацитети, овие површини се планирани за косење двапати годишно. Редовната динамика предвидува нивно одржување во летниот период и во доцна есен.

Со овие активности, ЈКП „Комуналец“ Прилеп продолжува со одржување на јавните зелени површини и подобрување на условите долж водотеците во градот

Share
Scroll to Top