Концерт на ТАНЕЦ во Штип

Концерт на ТАНЕЦ во Штип

пред 2 дена

Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија “ТАНЕЦ“ ќе одржи гала концерт во Штип на 04 јуни 2025 година (среда), со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип.

„Публиката ќе има уникатна можност да ужива во извонредна програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, ТАНЕЦ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство.

Овој концерт е дел од програмата за културни настани што го збогатуваат културниот живот на градот Штип, а истовремено претставува и ретка можност за блиска средба со уметноста која со децении наназад го претставува македонскиот идентитет во светот.

Влезниците се достапни на билетарницата на Центарот за култура “Ацо Шопов“ по цена од 300 денари“, вели организаторот.

Share
Scroll to Top