Косово исклучено од изборот на Мис Интерконтинентал, откако преставничката покажа двоглав орев

Косово исклучено од изборот на Мис Интерконтинентал, откако преставничката покажа двоглав орев

пред 3 години

Организаторите на овогодишниот избор за Мис Интерконтинентал, чие финале се одржа синоќа во Египет, го исклучија Косово од понатамошно натпреварување. Причината за тоа е провокацијата на нивната преставничка, која покажа двоглав орел на сцената на генералната проба, неколку часа пред финалето, пишуваат српските медиуми.

По што делегацијата на Мис Србија веднаш реагирала и испратила официјален допис до организаторите, барајќи итна реакција. Сопственичката на лиценцата на Мис Србија, Весна де Винча, побарала од нив претставничката на Косово да биде санкционира, а Косово да биде исклучено однатпреварувањето.

На ова организаторите одговорија дека девојката веќе е предупредена и дека од следната година Косово, кое е непризнаено од Египет како домаќин на натпреварот, нема да може да учествува на изборот за Мис Интерконтинентал.

Освен ова, оваа година девојките за првпат во финалето се појавија без ленти од кои земји доаѓаат.

Share
Scroll to Top