Костуми во весели бои, моден тренд оваа есен

Костуми во весели бои, моден тренд оваа есен

пред 3 години

Есента ни е на прагот, па крајно време е да ја подготвиме гардеробата за постудената сезона. Оваа година, надвор од сите очекувања, светлите бои и интересните модели ќе бидат популарни. Иако таквите парчиња не се типични за есента, модните дизајнери одлучија да ги прекршат сите правила. Костумите во весели бои ќе бидат особено популарни.

Секоја жена со стил мора да има барем еден, добро скроен во својата гардероба, едногласно се согласуваат модните експерти. Што се однесува до боите, сите тие ни се достапни, а правилото е: колку е повесело, толку подобро. Ваше е да ја изберете нијансата што најмногу ви одговара.

Еве неколку предлози кои можат да ви послужат како инспирација.

Share
Scroll to Top