Кој сè ја одбил славната улога што му донесе Оскар на Џек Николсон

Кој сè ја одбил славната улога што му донесе Оскар на Џек Николсон

пред 3 часа

Иако од денешна перспектива изгледа речиси невозможно некој да одбил улога во славниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“, тоа сепак се случило.

Адаптацијата на Милош Форман денес со право се смета за еден од најдобрите филмови некогаш снимен, а тој филм едноставно е незамислив без Џек Николсон во улогата на Рендал Мекмерфи.

„Лет над кукавичкото гнездо“ стана дури вториот филм во историјата на Оскарот што ја освои „големата петорка“ — наградите за најдобар филм, најдобар режисер, најдобар актер, најдобра актерка и најдобро адаптирано сценарио.

Џек Николсон и неговата незаменлива улога

Џек Николсон беше во извонредна форма како Рендл Мекмерфи, во улога која без проблем се вбројува меѓу најдобрите во американската кинематографија. Рамо до рамо со него беше и Луиз Флечер како сестра Рaчед. Нивната динамика била оформена со таен пристап кон ликовите, за кој знаеле само нив двајцата за време на снимањето.

Кирк Даглас копнеел по улогата

Мнозинството што го гледале филмот знаат дека Кирк Даглас копнеел по главната улога, затоа што претходно ја играл на Бродвеј, но во семејството настанал раздор кога неговиот син Мајкл Даглас го исклучил од конкуренција, бидејќи веќе бил престар за таа улога. Мајкл Даглас освои Оскар како продуцент на филмот, но требало време нивниот однос да се опорави, пишува „Фар аут магазин“.

Ѕвездата на „Спартак“ сакал да ја предводи актерската екипа, но улогата не му била понудена, а неколку други актери биле повикани да ги толкуваат Мекмерфи и сестра Рачед. Тие ја одбиле можноста — веројатно подоцна горко жалејќи, бидејќи Николсон и Флечер ги освоија своите награди.

Актерите кои ги одбиле улогите на Мекмерфи и сестра Рачед

„Знаете, Џин Хекман ја одби улогата“, изјавил помладиот Даглас за „Ентертејмент викли“.

„Мерлон Брандо ја одби. Милош некое време имаше луда идеја за Берт Рејнолдс.

Џејмс Кан исто така бил меѓу актерите кои ја одбиле улогата на Мекмерфи, отворајќи му го патот на Николсон да ја испорача улогата која му го донесе првиот од неговите три Оскари.

Тешката потрага по совршена сестра Рачед

Пронаоѓањето на совршената актерка за улогата на сестра Рачед исто така не било лесна задача, особено поради околностите кои ја следеле конечната одлука за Луиз Флечер.

„Секоја глумица, секоја позната глумица ја одби таа улога, затоа што во 1973/74, во време на Движењето за ослободување на жените, не беше ‘кул’ да се игра негативец. Не беше ‘кул’ да се игра кучка“, објаснил Даглас.

„Така и Џералдин Пејџ и Ен Бенкрофт, вкупно пет глумици, ја одбија улогата. Луиз Флечер имаше мала улога во Алтмановиот ‘Thieves Like Us’ и сними пробна сцена за нас. Беше совршена, но имаше тивок глас. Знаете, тивок глас, но оние челични сини очи за кои пишува Кен Кизи во книгата. Беше прекрасна жена и се појави од никаде.“

Лили Томлин првично била избрана за сестра Рачед, додека Флечер се подготвувала повторно да работи со Алтман на филмот „Nashville“. На крајот тие две ги замениле местата.

Може да се каже дека сè испаднало токму како што требало.

Share
Scroll to Top