Кој си игра со најсмртоносните вируси на планетата? - лаборатории има сè повеќе, но и опасност за ширење на зарази

Кој си игра со најсмртоносните вируси на планетата? – лаборатории има сè повеќе, но и опасност за ширење на зарази

пред 2 години

Ширум светот постојат сè повеќе лаборатории со ниво на биолошка безбедност 4 (BSL-4). Во нив научниците ги истражуваат најсмртоносните познати патогени, вирусите. Ова го зголемува ризикот од случајно ослободување или злоупотреба на смртоносни вируси како што се Ебола, Нипах, Марбург, Ласа и други, стои во заклучокот на анализата на Глобалното известување BioLabs 2023 објавена во март.

„Што повеќе лаборатории и луѓе кои работат со опасни патогени, толку се поголеми ризиците“, рече доктор Филип Ленкос, експерт за биолошка безбедност од колеџот „Кингс“ во Лондон, за Science Insajder.

Филип во есента 2021 година, го почна проектот Global BioLabs со доктор Грегори Кобленец од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфакс во Вирџинија, чија цел е да ги мапира сите лаборатории во светот во кои се истражуваат опасните патогени.

Една од мотивациите за покренување на овој проект е денес актуелната дебата за потеклото на вирусот SARS-CoV-2. Иако најновите генетски анализи ја поддржуваат теоријата за природното потекло на SARS-CoV-2 и влажниот пазар Хуанан во Вухан како епицентар од кој се прошири Ковид-19, не може да се заклучи можноста дека вирусот случајно го напуштил Институтот за вирусологија во Вухан.

Ширењето на Ковид -19 предизвика бум во изградбата на BSL-4 лабораториите ширум светот. На пример, кога проектот беше покренат во 2021 година, имаше 59 такви лаборатории во 23 земји во светот, а сега тој број порасна на 69 распоредени во 25 земји.

Пред десет години, во светот имало само 25 лаборатории со најголема биолошка безбедност. Во наредните години се очекува изградба на 18 лаборатории BSL-4, главно во азиските земји, Кина, Индија, Казахстан, Тајван, Филипините, Саудиска Арабија, Сингапур и Јапонија.

Овие земји сакаат да ја засилат својата подготвеност за идните епидемии и пандемии. Дури и африканската држава Брегот на Слоновата коска, објави дека гради лабораторија BSL-4. Но, околу три четвртини од таквите лаборатории се наоѓаат во урбанизирани подрачја, што го зголемува ризикот патогенот успее да избега од нив.

„Клучниот тренд е дека бројот на лаборатории кои работат со опасни патогени забрзано расте ширум светот, но зголемувањето не е доволно следено“, рече за „Њузвик“, Филип Ленкос.

Таа предупреди дека некои земји кои градат лаборатории имаат лоши резултати во управувањето со биолошките ризици.

„Филипините, Брегот на Слоновата коска и Саудиска Арабија првпат градат лаборатории BSL-4, но овие земји имаат лошо досие во следењето на управувањето со биолошкиот ризик. Но, затоа што овие лаборатории не се завршени и не работат, сè уште има време да се засилат националните закони и регулативи за биолошка безбедност и истражување за двојна употреба за да се усогласат со меѓународните стандарди“, рече Филип.

Најмногиу концентрација на BSL-4 лаборатории има во Европа. 24 такви лабаратории се наоѓаат на европскиот континент, од кои една е во изградба во Велика Британија, а друга е планирана во Шпанија.

Северна Америка има 15, од кои една е во изградба во САД, со уште две планирани за изградба, а исто толку се планираат и во Канада. Според проценките на експертите, изградбата на лабораториите BSL-4 во САД, може да чини дури 1,25 милијарди долари, додека одржувањето за безбедноста на таквите објекти може да чини повеќе од два милиони долари годишно.

Првата лабораторија BSL-4 на светот е основана во американскиот CDC Centers for Disease Control во Атланта во 1967 година како одговор на смртоносниот вирус Марбург, кој истата година се појави во Марбург, Франкфурт и Белград.

Интересно дека таа е прва лабораторија со максимално биолошко обезбедување вградена во приколка на голем камион.

Многу лаборатории BSL-4 се изградени по нападот со антракс во 2001 година во САД, за да се развие адекватна одбрана од закана со биотероризам и како одговор на појавата на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година во неколку земји.

Лабораториите BSL-4 се дизајнирани и изградени така што истражувачите можат безбедно да работат со најопасните патогени на планетата, оние кои можат да предизвикаат смртоносни болести и за кои нема третман или вакцина.

Највисокото ниво на биолошка заштита подразбира строги критериуми како што се филтрација на воздухот, третман на вода и отпад, како и обврска истражувачите, кои носат непропустливи скафандери и имаат посебен извор на кислород, да ја менуваат облеката и да се тушираат пред и по користење на лабораториските простории.

Анализата на Глобалниот извештај на BioLabs 2023, исто така, предупредува на зголемен број на таканаречени BSL-3+ лаборатории, кои ги има 57 ширум светот, главно во Европа и Северна Америка.

Овие лаборатории усвојуваат дополнителни физички и или оперативни мерки за биосигурност при спроведување на особено ризично истражување, каде што ризиците не бараат нужно мерки на претпазливост од типот на оние кои се бараат за лабораториите BSL-4“.

Има многу ограничени национални упатства за нивната биосигурност, но нема меѓународни упатства за лабораториите BSL-3+“, се вели во анализата, чии автори повикуваат на итна акција за намалување на ризиците од лабораториите BSL-4 и BSL-3+.

„Мораме да се погрижиме да се воспостават соодветни меѓународни стандарди и потоа да се имплементираат. Има ризици за изградбата на овие лаборатории, и затоа како светската заедница треба да разговараме каде можат да бидат најдобрите места за нивна изградба и колку BSL-4 лаборатории се доволни“, рече Филип.

Стравувањата дека патогенот убиец може да се појави од лабораторија се зголемија во последниве години поради експериментите со вируси појавување на нова функција, добивање на функција. Целта на ваквите експерименти е да се разбере како патогенот може да еволуира и стане поголема закана, но критичарите предупредуваат дека таквото истражување е опасно.

Во минатото се случувало смртоносните вируси да избегнат дури и од познатите светски лаборатории. Дури двапати се случија инциденти на познатиот универзитет Јеил. Прво, во 1969 година, кога лабораторискиот асистент Хуан Роман почина од хеморагична треска предизвикана од вирусот Ласа.

Потоа, во летото 1994 година, од лабораторијата излезе озлогласениот вирус Сабија. Станува збор за вирус кој го пренесуваат глодари, а откриен е во Бразил во 1990 година.

Несреќата се случила во моментот кога искусниот истражувач, францускиот виролог д-р Жан Пол Гонзалес, кој бил гостин на Јеил, скршил контејнер со смртоносен вирус. Веднаш неколку пати ги дезинфицирал лабораториските инструменти, но никого не известил за несреќата, туку заминал за Бостон.

На враќање во Јеил го фатила треска, по што се дознало за несреќата. Пред да биде примен во болница, невнимателниот научник заразил уште седумдесетина луѓе, но без поголеми проблеми.

Познат е и случајот на бегство на вирусот на мали сипаници од Универзитетот во Бирмингем, кога во септември 1978 година, медицинската фотографка Џенет Паркер случајно била заразена, а потоа починала. Паркер ја заразила и нејзината мајка, но таа преживеала.

За жал, вакви инциденти сè уште се можни и денес, особено затоа што се зголемува бројот на експерименти со опасни патогени.

„Загрижувачки е, иако не изненадува, зголемувањето на бројот на вакви лаборатории. Познато е дека и во американските лаборатории оделата што ги носат истражувачите често се кинат и протекуваат. Колку што знам, вакви инциденти се барем исто толку чести во некои делови од Азија“, рече професорот Алис Хјуз од Универзитетот во Хонг Конг.

Извор: Јутарни лист

Share
Scroll to Top