Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? По години шпекулации, конечно се наѕира расплет

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? По години шпекулации, конечно се наѕира расплет

пред 2 часа

Потрагата по наследникот на Даниел Крејг во улогата на Џејмс Бонд, според најновите медиумски извештаи, влегува во важна фаза. Во Лондон се очекуваат пробни снимања со потесен круг кандидати, меѓу кои се споменуваат Калум Тарнер, Џек Лауден и Џош О’Конор.

Според „Дедлајн“, пробите би можеле да почнат веќе во петок, 23 октомври. Тарнер е познат по „One Night Only“, Лауден по „Slow Horses“, а О’Конор по улогата во „The Crown“.

Три проверки за идниот агент 007

Медиумските наводи посочуваат дека кандидатите ќе бидат оценувани во три области: изведба на каскадерски сцени, присуство пред камера и интерпретација на дијалог.

„Холивуд репортер“, пак, објавува дека Џејкоб Елорди и Џек О’Конел, чии имиња претходно се поврзуваа со улогата, не се меѓу актерите што ќе пристапат на овие проби.

„Амазон МГМ“ засега нема официјално потврдено кои актери учествуваат во кастингот.

Објава до крајот на годината?

Продуцентката Ејми Паскал претходно изрази очекување дека името на новиот Бонд би можело да биде објавено до крајот на годината. Таа нагласи дека изборот се прави внимателно, бидејќи наследувањето на Крејг е голем предизвик.

Крејг првпат го толкуваше агентот 007 во „Casino Royale“ во 2006 година, а се прости од улогата со својот петти филм, „No Time to Die“, во 2021 година.

Следниот филм ќе го режира Дени Вилнев, авторот на „Дина“, додека продуценти ќе бидат Паскал и Дејвид Хејман. Нивниот ангажман е официјално потврден од студиото, но изборот на новиот Бонд допрва се очекува.

Share
Scroll to Top