Коњановски во „Јане Сандански“: Реконструирана училница и ученичко решение за почист воздух

Коњановски во „Јане Сандански“: Реконструирана училница и ученичко решение за почист воздух

пред 4 часа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети економското училиште „Јане Сандански“, каде е целосно реконструирана една училница и е набавен нов училишен мебел.

Инвестицијата е реализирана преку јавна набавка во вредност од 197.100 денари со вклучен ДДВ, со што се создадени подобри услови за учениците и наставниот кадар.

Во рамки на посетата, победничкиот тим од програмата „UPSHIFT“ го презентираше и своето дизајнерско решение за прочистувач на воздух за училници, „Airvia“.

Тимот „Eco friendly“, составен од Матеа Србиновска, Андреа Стојчевска, Марија Трпезановска и Леонардо Стојковски, го претстави производот како практично и функционално решение за подобрување на квалитетот на воздухот во училишните простории.

„UPSHIFT“ е програма за социјални иновации базирана на методологијата на дизајнерско размислување, наменета за млади кои развиваат решенија за конкретни проблеми поврзани со животната средина и климатските промени. Програмата ја спроведува организацијата „LEAD“ во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Со поставувањето на прочистувачите во училниците, учениците и наставниците ќе имаат подобри услови за учење и работа, а воедно се поттикнуваат младите да креираат практични решенија за почиста и поздрава животна средина.

Share
Scroll to Top