Коњановски: Продолжуваме со изградба на современи училишни спортски терени низ Битола

Коњановски: Продолжуваме со изградба на современи училишни спортски терени низ Битола

пред 7 часа

Се асфалтираат и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште.
Увид во градежните работи направи градоначалникот Тони Коњановски со одговорните за проектот кој предвидува два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина ќе бидат 837 м2, а спортските игралишта ќе имаат тартан подлога.

Исто така проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки, реквизити, осветлување и урбана опрема.
Средствата се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Деновиве се асфалтираа и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Даме Груев“, а следни за асфалтирање се терените во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Со ова ја потврдуваме нашата посветеност кон реализација на проектите кои се многу значајни за учениците во битолското образование.

Share
Scroll to Top