Кралицата Елизабета произведе свој кечап, едно шише чини девет долари

Кралицата Елизабета произведе свој кечап, едно шише чини девет долари

пред 5 години

Кралицата на Велика Британија Елизабета лансираше сопствен бренд на производи создадени на нејзиниот имот на нејзиниот имот во Норфолк. Оттаму се и сите потребни ресурси за производство, а меѓу нив е и кралскиот кечап, пишува магазинот „Пипл“.

„Идеален за појадок или кој било друг дел од денот“, е слоганот на овој кечап кој покрај домати, содржи и урми, сок од јаболко и разни зачини. Едно шише од 300 милилитри чини девет долари, и очекувано е поскап од од вообичаените кои може да се најдат во продавниците.

Според „Пипл“, кралицата е голем обожавател на хамбургери, а за тоа претходно зборуваше нејзиниот поранешен готвач Дарен МекГрејди. Тој вели дека таа јаде плескавици без пециво со вилушка и нож, а наместо кечап користела брусница.

Share
Scroll to Top