Кралот Чарлс и кралицата Камила ги објавија своите први официјални портрети

Кралот Чарлс го прослави роденденот и им оддаде почит на загинатите во Индија

пред 18 часа

Британскиот крал Чарлс и други високи членови на кралското семејство денеска носеа црни ленти на ракавите за време на воената парада во Лондон за да им оддадат почит на жртвите од падот на авионот на Ер Индија, објави Ројтерс.

По воената парада, која го одбележува официјалниот роденден на кралот Чарлс, беше одржано едноминутно молчење.

Портпаролот на Бакингемската палата изјави дека кралот Чарлс ги побарал промените „како знак на почит кон изгубените животи, ожалостените семејства и сите заедници погодени од оваа ужасна трагедија“.

 

Знамињата беа спуштени на половина копје пред кралските резиденции за време на парадата.

1.350 војници учествуваа на церемонијалната парада во Лондон.

Роденденот на кралот Чарлс е во ноември, но британските монарси традиционално ги слават своите родендени во лето, за да можат официјалните церемонии да се одржат во подобри временски услови.

 

Боинг 787-8 Дримлајнер, кој леташе за Лондон, се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад, Индија, во четврток, 12 јуни, при што загинаа најмалку 270 луѓе во најлошата авијациска катастрофа во последната деценија.

Само еден од 242 патници и членови на екипажот преживеал, додека другите загинале кога авионот се урна во студентски дом на медицински факултет.

Share
Scroll to Top