Кралското семејство ги брише последните траги од Хари и Меган? Фрогмор котиџ повторно оди на реновирање

Кралското семејство ги брише последните траги од Хари и Меган? Фрогмор котиџ повторно оди на реновирање

пред 5 часа

Фрогмор котиџ, поранешниот дом на принцот Хари и Меган Маркл во Велика Британија, повторно ќе биде реновиран, а британските медиуми тврдат дека целта е целосно да се отстранат сите промени што ги направиле војводата и војвотката од Сасекс додека живееле таму.

Според извори блиски до кралското семејство, куќата веќе три години стои празна, откако Хари и Меган беа иселени од имотот во 2023 година.

„Стои празна веќе три години. Дури ни принцот Ендру не сакал да се пресели таму бидејќи сметал дека куќата не е доволно добра за него“, изјавил извор за британскиот „Сан“.

Истиот извор тврди дека со новото реновирање кралското семејство сака да стави крај на „контроверзната ера“ поврзана со Хари и Меган и Фрогмор котиџ да го врати во состојба каква што била пред нивното вселување.

Куќата им била подарена на Хари и Меган од кралицата Елизабета Втора како свадбен подарок во 2018 година. По вселувањето, парот започнал голема реконструкција на имотот, кој претходно бил составен од две одвоени куќи. Со реновирањето тие биле споени во една голема семејна резиденција.

Проектот чинел околу 2,8 милиони долари, а подоцна предизвика жестоки реакции во британската јавност поради високите трошоци.

По повлекувањето од кралските должности во 2020 година и преселбата во САД, односите меѓу Хари и кралското семејство дополнително се влошија, особено по објавувањето на неговата автобиографија „Spare“.

Во 2023 година кралот Чарлс Трети официјално побарал од Хари и Меган да го напуштат Фрогмор котиџ.

Иако повеќе не живееја таму, двојката подоцна платила околу 3,3 милиони долари на кралското семејство, сума што ги покривала киријата и трошоците за реновирањето.

„Војводата и војвотката од Сасекс дадоа значителен придонес за покривање на трошоците за реконструкцијата на Фрогмор котиџ“, изјави тогаш Сер Мајкл Стивенс, чувар на кралската каса.

По заминувањето од Велика Британија, Хари и Меган се преселија во луксузна вила вредна околу 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.

Според американските медиуми, нивниот имот располага со базен, тениско игралиште, чајна куќа, градина со рози, маслинови дрвја, гостинска куќа и посебна куќичка за децата Арчи и Лилибет.

Иако двојката ретко ја покажува внатрешноста на домот, делови од вилата беа прикажани во нивните документарци и видеа за „Нетфликс“, каде можеше да се види нивната домашна канцеларија со луксузен мебел, камин и големи француски прозорци.

Share
Scroll to Top