Краток водич за модерен и шик изглед во комбинација со зимски елек

Краток водич за модерен и шик изглед во комбинација со зимски елек

пред 2 години

Овогодинешните зимски елеци ни помагаат да го изразиме нашиот стил на најоригинален можен начин.

Елеците одамна се во модниот свет. Ги има во разни форми: од стандардни плетива, преку памук, кроп топ, волна, до пуф.

Ромбоиди

Овој дизајн ни се чини дека никогаш не излегува од мода. Со омилениот пар фармерки или здолниште ќе привлечете погледи каде и да се појавите.

Смели комбинации

Изберете комбинации на бои што инаку не би ги направиле. Оваа сезона во тренд се црвените, портокаловите, жолтите, зелените и сините нијанси.

Кроп топ

Кроп топ елеци, со малку подолги ракави, даваат опуштен и модерен изглед.

Кашмир

Мекиот кашмир е идеален за зимските денови. И изгледа одлично во форма на елек.

Предимензионален

Како и со повеќето други парчиња облека, предимензионалните елеци се нешто кое апсолутно морате да го имате има оваа сезона. Удобно, модерно и шик.

Пепито

Овој дезен се носи на чанти, марами, панталони, хеланки, но и на елеци.

Слатки комбинации

Кошула, па елек, па кратко здолниште или зимски шорцеви и чизми – идеална комбинација за дневни варијанти.

Share
Scroll to Top