Круната која кралицата Елизабета Втора била зацврстена со штрафови за ковчегот за време на погребот за да не падне. Во спротивно во Британија тоа се смета за многу лош знак, пишуваат медиумите. Ова верување останало уште од 1936 година кога бил погребот на кралот Џорџ Петти.
Тогаш парче накит паднал од неговиот ковчег и се истркал до канализацискиот одвод покрај патот, пренесе „Дејли Мејл“. Сите биле убедени дека во прашање е лош знак, а наредниот крал, Едвард Осми го следеле тешки години. Абдицираше и направи уставна криза во монархијата.
Го замени кралот Џорџ Шестти, таткото на кралицата Елизабета. Во иднина за да се избегнат слични ситуации за време на погребите, кои за првпат станале јавни и можеле да следат луѓето, кралското семејство одлучило, круната да биде зацврстена со штрафови заедно со ковчегот.
Истото е направено и со другите скапоцености. Во кралското семејство постои и традиција со необичен ритуал. Круната не се погребува со кралицата, затоа што се смета дека нејзината должност е завршена.