Куќата од филмот „Всушност љубов“ чини 3, 25 милиони фунти

Куќата од филмот „Всушност љубов“ чини 3, 25 милиони фунти

пред 3 години

Се продава популарната куќа од романтичниот филм „Всушност љубов“, која се наоѓа на една од најживописните улици на лондонскиот Нотинг Хил, за цена од 3,25 милиони фунти, пишува порталот Метро.

Куќата има три спални соби и тераса, како и џакузи на покривот и кујна на отворено. Секоја од спалните има сопствена бања и гардеробер.

Агенцијата за недвижности Најт Френк ги го објави огласот и фотографиите од куќата на својот официјален Инстаграм профил.

Пред неа во филмот стоеше Марк (Ендрју Линколн), кој ја докажуваше својата љубов кон Џулиет (Кира Најтли), со прелистување големи листови хартија со пораки. Поради тоа, станала доста популарна, па туристите доаѓале да позираат и да се фотографираат пред неа. По некое време, тоа почнало да му пречи на сопственикот, па на туристите им било препорачано да престанат да ја посетуваат куќата.

Share
Scroll to Top