Младата пејачка Лара Иванова ќе биде специјален гостин на престојните концерти на Тамара Тодевска во Охрид и Битола. Тамара летово ќе одржи два солистички концерти во земјава.
На 29. јули во Античкиот театар во Охрид со почеток во 22 часот и на 1.август во Античкиот театар Хераклеја од 21.30 часот. По големиот успех на Евросонг и година и пол без настапи, конечно во живо „Proud”, „Тажна љубов, среќна песна”, „1003”, во Хераклеја и Антички во Охрид.