Лекарите предупредуваат: Оваа навика може сериозно да го оштети мочниот меур

Лекарите предупредуваат: Оваа навика може сериозно да го оштети мочниот меур

пред 3 часа

Многумина имаат навика да одат во тоалет „за секој случај“ – пред излегување, пред спиење или пред патување, дури и кога не чувствуваат вистинска потреба. Но, според лекарите, оваа навика може да има долгорочни последици и да доведе до нарушување на функцијата на мочниот меур.

Британскиот лекар Амир Кан е општ лекар во рамки на Националната здравствена служба (НХС), познат и како телевизиски доктор кој редовно се појавува во емисии каде дава здравствени совети. Тој работи во Бредфорд, предава на универзитет и е автор на повеќе книги, а посебно е фокусиран на превенција, здрав начин на живот и ментално здравје.

Токму тој предупредува дека честото празнење на мочниот меур без реална потреба може да го „збуни“ организмот. Со текот на времето, мозокот почнува да испраќа сигнал за мокрење и кога мочниот меур не е полн, што доведува до нарушена контрола.

Оваа состојба може да резултира со таканаречен преактивен мочен меур – проблем кој се карактеризира со често и ненадејно чувство за мокрење, дури и при мала количина урина. Луѓето кои се соочуваат со ова често одат во тоалет повеќе од 6 до 8 пати дневно, а не ретко се будат и во текот на ноќта.

Експертите објаснуваат дека ваквата навика буквално го „тренира“ мочниот меур да реагира на помали количини течност, наместо да функционира нормално. Како резултат, секојдневието може да стане значително отежнато.

За да се избегнат овие проблеми, лекарите препорачуваат да се оди во тоалет само кога постои вистинска потреба, како и постепено да се продолжуваат интервалите помеѓу мокрењата. Дополнително, се советува намалување на внесот на кофеин и практикување вежби за зајакнување на мускулите на карлицата.

Добрата вест е дека со дисциплина и промена на навиките, состојбата може да се подобри. Вообичаено, првите резултати се забележуваат по неколку недели, додека целосното нормализирање може да трае и до три месеци.

  • Лекарите апелираат дека и најмалите секојдневни навики можат да имаат сериозно влијание врз здравјето, па затоа е важно да се слуша телото и да не се создаваат непотребни навики кои подоцна можат да прераснат во проблем.

Share
Scroll to Top